Кога доаѓа лето и кога Југо ќе ги погали вашите коски, не мора да сте од Струмица или цела Македонија за да се сетите дека Дојран и ова лето ве очекува. Ако сте за волшебни изгрејсонца, или романтични зајдисонца, ако ви треба нешто поразлично или едноставно барате медитеранска клима што му годи на вашето здравје во текот на целата година, повелете на бреговите на Дојранското Езеро каде сезоната на капење трае 180- 200 денови во годината, а температурата на водата лете достигнува до 31°С.Водата на Езерото има лековити својства, особено за зацелување на отворени рани, крајници кај децата и сл. и може да излекува 27 различни болести поради присуството на јод во алгите, со кои изобилува неговиот екосистем. Најдобро време за посета од овие причини е месец август кога алгите цветаат и ги збогатуваат водата и воздухот со своите лековити својства, со што го прават Дојран не само примамлива туристичка дестинација, туку и ретка воздушна бања. Секоја година во Дојран, во август во Хотел Истатов б.1 -спортски центар, се избира Езерска убавица на Македонија.
Доколку сте добронамерник што трага по егзотични и мирни, но сепак неодоливо возбудливи места, или пак веќе еднаш сте биле овде, причина повеќе да се вратите и да го посетите Дојран може да претставува привлечната близина на Солунскиот аеродром од само 45 км, односно Скопскиот аеродром- 145 км. Ако често патувате, знаете за што зборуваме!
 
 
А кога сте веќе во Дојран, дозволете да ви го понудиме најдоброто од угостителската област- реткиот хотелиерски бисер во регионот и развиениот туристички и спортско-рекреативен комплекс со богата традиција и реноме: Хотел Истатов бр.1- спортски центар. Хотелот Истатов бр.1 - спортски центар се наоѓа на влезот на Нов Дојран, 6 (шест) км од грчката граница и 25 (дваесет и пет) км воздушна линија од Егејското море и располага со 180 (сто и осумдесет) легла угостителски капацитет. Поради претходно наведените погодности, но и поради спортскиот углед и реномето на сопственикот Благој Истатов, Хотелот Истатов бр.1 - спортски центар е чест домаќин на бројни квалитетни фудбалски екипи и репрезентации, како и екипи од други спортови. Екипите кои досега гостувале се Партизан (СЦГ), Вардар (МКД), Паок (ГРЕ), Обилиќ (СЦГ), Борац (СЦГ), Марек (БУЛ), Репрезентациите во фудбал на Македонија, на СЦГ, на Азербејџан, како и ракометниот клуб и европски првак во ракомет за жени- Кометал Ѓорче Петров (МКД). Хотелот Истатов бр.1 - спортски центар располага со спортска сала со стандардни димензии во која може да се игра ракомет, кошарка, одбојка и мал фудбал, две помошни фудбалски игалишта, едно професионално игралиште, како и фитнес сала, Ketler од 150 м2, сауна за 15 лица и базен. Мислење на сите репртезентации и екипи кои досега гостувале во Хотелот Истатов бр.1 - спортски центар е дека тој претставува идеално место за секаков вид спортски подготовки на екипи од сите спортови и токму поради тој факт, секогаш е избор број 1 на екипите со врвни дострели.
Човекот кој стои зад целиот овој угостителско-спортски центар и комплекс и македонската фудбалска легенда, Благој Истатов, е роден на 5 Мај 1947 година во Струмица. Својата богата спортска кариера Благој Истатов ја започна во Беласица, која остана негова најголема љубов. Но неговото вистинско откровение се случи во прилепска Победа (1968/73), надградбата на голман од европски формат ја доживеа во белградски Партизан (1973/76), а врвот на фудбалски гигант го досегна во холандската екипа Утрехт (1976/78).
Истатов повторно во голем стил го бранеше голот на Беласица од 1978 до 1982 година, а во наредните седум сезони беше и нејзин досега најуспешен тренер. За тоа време струмичкиот фудбал го доживеа својот најголем подем. Вештините на тренерскиот повик Истатов со видливи резултати ги покажа и во ФК Малеш, Дојранско Езеро, Скопје, Вардар, Касторија (Костур) и во фудбалската селекција на Македонија.
Благој се докажа и како успешен бизнисмен. Со невидена упорност, впрочем, како и во неговиот виртуелен фудбалски времеплов, тој го создаде прекрасниот Хотел Истатов бр.1- спортски центар во Нов Дојран, каде што сега живее и работи со своето семејство.
|